Лејкерс го отпушти Волтон

Лос Анџелес, 13 април 2019 (МИА) – Раководството на Лос Анџелес Лејкерс го прекина договорот со тренерот Лук Волтон, објави клубот од НБА. 39-годишниот стратег и „езерџиите“ се разделуваат по заемна согласност.

– Сакам да се заблагодарам за можноста што ми беше дадена да ги тренирам Лејкерс. Овој тим и овој град секогаш ќе бидат посебни за мене и за моето семејство, изјави Волтон, кој беше на чело на тимот во последните три години.

Според медиумите во САД, главен кандидат за местото тренер на Л.А. Лејкерс е поранешниот тренер на Кливленд – Тајрон Лу.

Иако во тимот ја имаше најголемата ѕвезда на денешницата, Леброн Џејмс, Лејкерс заврши на десеттото место во Западната конференција во регуларната сезона на НБА, што не му овозможи на тимот да се пласира во плеј-офот.

Пред два дена и легендата Меџик Џонсон најави дека се повлекува од функцијата претседател на кошаркарските операции во Лос Анџелес Лејкерс по малку повеќе од две години работа во клубот од НБА.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Кошарка

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more
 

Спорт

  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе