Левица: Герасимовски лаже и го продолжува проектот на ДПМНЕ за масакр на Водно

Веќе неколку пати во јавноста се алармира за изградба на Водно, во спорниот ДУП Ј07, а граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со инвеститорите кои не се откажуваат од градба и политичката елита која ја храни оваа агонија која трае веќе осум години, реагираат од Левица.

Станува збор, како што појаснуваат, за истите плацеви за кои во 2015 се објавуваа „бомби“ и за кои постои правосилна пресуда, но, иако во Општина Центар оттогаш се сменија веќе три градоначалници на СДС, врските помеѓу големите партии и урбанистичката мафија победија и се обелодени бесрамното манипулирање со граѓаните и последователното уништување на условите за живот.

„На парцелата на која е започната градба (КП1309/3, КО Центар 2) и која е во сопственост на МАРКЕЗА ДООЕЛ, е издадено одобрение за градење за објект А1-домување во станбени куќи, во кои максимална висина е 10,20м (Приземје + 2ката + Поткровје), дозволени се 4 станбени едниници. Но, во проектна документација е предвиден број на водомери и струјомери кој далеку го надминува бројот на станови, од што може да се изведе заклучок дека инвеститорот има намера вон општински, односно судски, со злоупотреба на медијација, да изврши физичка делба и упис во катастар на спорниот објект.

Настрана издавањето на дозвола за градба во оваа зона, чин на кој кумувал и поранешниот градоначалник Тодоровиќ, eдинствен начин на кој што сегашниот градоначалник Герасимовски се „обидува“ да се справи е со латентно ветување дека „нема да се изведе пристапен пат“. Наместо да се служи со целиот арсенал кој му е на располагање, почнувајќи од службите на општината, да направи ревизија на управната постапка за добивање на дозволата за градба, доколку има недостатоци да поведе спор пред Управниот суд, да се направи истрага за која работа секако има и за државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и одделението за организиран криминал, градоначалникот манипулира, бидејќи градбата продолжува. И не само на спорната парцела, туку и во други лозја се започнати градежни активности кои се стопирани од градежната инспекција“, додаваат во реакцијата од оваа партија.

Според нив, сето ова е плод на неколку штетни закони, меѓу кои и Законот за денационализација, популистичкиот Закон за легализација на бесправно изградени објекти, со кој се дава до знаење на мафијата дека и ако градат дивоградби, во иднина и со некој друг закон, тие ќе се легализираат. Згора на тоа, како што додаваат, Законот за градење и правилниците за урбанистичко планирање редовно се ескивираат.

Оценуваат дека систематското уништување на градовите и државата од страна на политичарите и олигархијата може да се спречи единствено со целосна промена на досегашната политичка констелација и изборна победа на луѓе за кои јавниот интерес секогаш предничи пред приватниот.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе