Левица: Национализација - единствено решение за воспоставување ред во електродистрибутивната мрежа

Веќе неколку месеци трае конфликтот помеѓу жителите на кумановско Слупчане и екипите на ЕВН, каде што жителите не дозволуваат екипите на ЕВН да ги извршуваат своите работни активности.

Имено, жителите на ова кумановско село излегоа со низа барања поставени кон ЕВН меѓу кои вклучуваат: да бидат простени сите досегашни долгови, бесплатни приклучоци, верските објекти да не плаќаат за потрошената електрична енергија, секое семејство да плаќа максимум 3.000 денари месечно без разлика колку троши и слично.

„Овие барања, покрај тоа што се неразумни, исто така и ја поткопуваат унитарноста на Република Македонија. Односно ако владата предводена од СДС/ДУИ воопшто размислува за овие услови на жителите на Слупчане, тоа претставува огромен показател дека веќе не сме унитарна држава и дека Македонија нема владение над цела територија. Логично се поставуваат две прашања:

Зошто ЕВН до сега дозволила во селата населени со Албанци како Слупчане, Арачиново, Студеничани и други, со години да се натрупуваат долгови за ненаплатена електрична енергија? Дали ЕВН ненаплатената електрична енергија ја прикажува како загуба при пријавување на трошоците за своето работење до РКЕ, кога бара поскапување на цената на струјата?

МВР, заедно со министрите на ДУИ, не треба да преговара со оние кои ја крадат електричната енергија, туку треба да овозможи владеење на правната држава на целата територија на Република Македонија.

Продажбата на електродистрибутивниот систем на државата од страна на владата на СДСМ (или попознато како 'бонбона бизнис') во минатото се правдаше со изговор дека државата не може да наплати, додека австриските газди можат.

Поради очигледниот факт дека австриските газди не можат да наплатат во истите региони за каде се велеше дека државата не може да наплати, национализација на електродистрибутивната мрежа е првата мерка кон системско решавање на овие наталожени проблеми. Снабдувањето со електрична енергија е стратешка гранка во секоја држава, и како во европските земји, таа мора да биде под директна контрола на државата. Бранот на приватизација, кој го започна СДС, а го продолжи ДПМНЕ, најмногу удри по џебот на обичните граѓани, додека австриските газди нижат милионски профити на своето конто“, се вели во објавата на Левица.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе