Левица: Патарините како незаконски надоместок за пратениците под закрила на Уставниот суд

Уставниот суд под раководство на Добрила Кацарска повторно се стави во служба на привилегиите на естаблишментот, обвинуваат од Левица.

„Овој пат, Уставниот суд одлучи да не поднесе постапка по иницијативата на Левица за оценување на уставноста на одлуката на пратениците да им се исплаќаат трошоци за патарини. Ваквата привилегија се коси со неколку законски одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието, каде прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини“, велат од оваа парламентарна партија.

Левица во својата иницијатива потенцира дека иницијативата со оспорените точки од одлуката се нарушува системот на нормативна хиерархија и конзистентноста на уставниот поредок и усогласеноста на подзаконските акти со законите и Уставот.

„Единствено уставниот судија Дарко Костадиновски јасно укажува во своето издвоено мислење дека наводите во иницијативата се ОСНОВАНИ, затоа што оспорените одредби можат уставно-правно да се оспорат. Дополнително, Костадиновски во своето издвоено мислење ја потенцира и правната сигурност, од каде и произлегува стандардот на недопуштеност materia legis да биде уредувана со подзаконски прописи“.

Костадиновски констатира дека правото на надоместок за трошоци за патарина, кое не е предвидено во законска норма, не може да биде утврдено во подзаконски акт, со што работното тело кое ја донело оспорената одлука излегува од дадената законска рамка и ги пречекорува своите овластувања ставајќи се во улога на законодавец со воведување, односно утврдување на ново право што исклучиво е законско уредување.

„Останатите судии во состав: Добрила Кацарска, Насер Ајдари, Татјана Васиќ-Бозаџиева, Осман Кадриу, Вангелина Маркудова и Фатмир Скендер, за жал, наместо правна сигурност и владеење на правото, одбраа да застанат во заштита на интересите на пратениците“, стои во објавата на Левица.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе