Левица поднесе претставка до полициски службеници за инцидентот кај „Скендербег“

Политичката партија Левица денеска до Одделот за внатрешни работи при МВР поднесе претставка за барање за отпочнување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на полициски службеници кои интервенирале при вооружениот инцидент кај плоштадот „Скендербег“ на 7 јули, за време на протестот против францускиот предлог.

Според портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, овие полициски службеници не постапувале според Правилникот за вршење на полициските работи.

– Како што знаеме, неколку лица кои јасно се гледаат од фотографиите објавени низ медиумите свесно употребиле огнено оружје и со различни дејствија го нарушиле јавниот ред и мир. При овој инцидент, полициските службеници кои се наоѓаат на местото на настанот не презеле соодветни мерки за неутрализирање на опасноста која може да настане при употреба на оружјето. Сето ова е видно од бројните слики и видеа кои се појавија на социјалните мрежи, рече Мециновиќ на денешната прес-конференција по поднесувањето на претставката.

Според него, со својата постапка полициските службеници „обмислено постапиле“ спротивно на Правилникот за начинот за вршење на полициски работи. Како што потенцираше, полициските службеници требале според член 42 да ги предупредат вооружените лица, според член 45 да им наредат да го спуштат оружјето, според член 47 да го одземат употребеното оружје и според член 55 вооружените лица да бидат задржани.

– Единаесет лица се наоѓаат во притвор за нередите пред Собранието, иако ниту едно од тие лица не е она со качулките кои беа уфрлени да го предизвикаат инцидентот. Сведоци бевме и на употреба на прекумерна сила од страна на полицијата пред Собранието, целосно спротивно на тоа како полицијата постапи за време на инцидентот кај плоштадот „Скендербег“. Според податоците кои пристигнуваат до нас, целото сценарио од петтиот ден од народниот протест, е во режија на структурите на безбедност, под палка на пробугарската власт, додаде портпаролот на Левица.

Тој напомена дека и албанскиот народ во историјата, исто така, се соочувал со идентитетска репресија и негативни квалификации и ги повика и Албанците да се придружат на денешниот протест, во кој ќе маршираат од плоштадот Скендербег до МНР, за, како што рече, да испратат порака на „сплотеност против надворешните непријатели“. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Хроника

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе