Левица: Уставниот суд ги врати работниците во IX век, ќе работат по 72 часа неделно

Во текот на вчерашниот ден, Уставниот суд на Република Македонија одлучи да не поведува постапка за иницијативата поднесена од Левица, со која ги оспоривме законските одредби за работниците да работат повеќе од 72 часа неделно, соопшти Левица.

Ваквата скандалозна одлука е, како што велат, единствено, во корист на контроверзниот конзорциум ,Бехтел и Енка, со што Македонија, де факто, станува колонија на странскиот капитал.

Потсетуваат дека Левица е единствена партија, која го оспори овој закон пред Уставен суд, со што се потврди фактот дека сите други партии се во служба на домашните и странските моќници.

„Како работничка партија сметаме дека е недозволиво, нехумано и крајно експлоататорски, работната недела на работниците наместо 40 часа, да трае 72 часа и ваквата одлука на Уставниот суд е крајно регресивна, со оглед на тоа дека 8-часовното работно време е цивилизациска придобивка, стекната преку макотрпната борба на работниците низ историјата.

Бруталниот капитализам, преку корумпираните функционери, задава уште еден удар на најранливите и најнезаштитените во општеството – работниците. Империјалистичките сили преку своите компании го исцедуваат од сиромашните држави и последниот денар што може да го добијат, без да се грижат за здравјето или благосостојбата на луѓето.

За ваквата скандалозна одлука гласала претседателката Добрила Кацарска, заедно со следниве уставни судии: Насер Ајдари, Осман Кадриу, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Ана Павловска-Даева“.

Според Левица, уставниот суд наместо да ги штити правата и слободите на граѓаните, коишто се загарантирани со Уставот и законите, се стави на страната на капиталот и мафијашките анти-државни политики на ДУИ и СДС.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе