Левица: Железничкиот сообраќај колабира, власта слепа и глува

Најфреквентната железничка линија Скопје-Велес-Прилеп-Битола од среда ќе остане само со еден воз во денот од постоечките три. Со последното укинување жителите на Азотскиот регион практично немаат сообраќајна комуникација со поголемите населени места во државата  бидејќи друга форма на јавен превоз, освен железницата, за нив не постои. Менаџментот на МЖ-Транспорт не дава објаснување за причините за најновото укинување на овие патнички линии, а ниту министерот Бочварски е посебно загрижен, велат од Левица.

Железничкиот патнички сообраќај во Македонија со години е во колапс. Во јануари беа укинати и линиите Скопје-Куманово-Табановце-Скопје. По укинувањето на овие линии беше дадено образложение дека има недостаток на машиновозачи во МЖ-Транспорт, а во меѓувреме, во јуни 2023 година се вработија 40 машиновозачи на неопределено време. На ова укинување претходеше укинување на релациите Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје од мај 2021 година. Веќе неколку години нема воз и на релацијата од Скопје кон Белград и Солун.

Додека Србија гради железничка инфраструктура и се снабдува со опрема на која и поразвиени европски земји можат да ѝ завидуваат, македонската железничка структура буквално се распаѓа. Со години МЖ-Транспорт е претпријатие преку кое мали партиски чиновници си ги задоволуваат големите директорски амбиции. Додека претпријатието тоне во долгови, трпи загуби од 4 до 6 милиони евра годишно, а железничарите молат за плата, менаџментот си определува безобразно високи плати. Македонските железници го одбележаа јубилејот од 150 години постоење на железничкиот систем во Македонија со возови кои имаат просечна старост од 50 години, вагони без греење, стари и небезбедни пруги со распаднати прагови на кои возовите се движат со 20 км/час и долгови од над 30 милиони евра. Голем дел од локомотивите се расипани, има чести дефекти кои траат со часови, од Скопје до Велес со воз се патува цели 2 часа, а вкрстувањата со патиштата се необезбедени.

Владеачката спрега СДС-ДУИ наместо да работи на модернизирање на железницата што ќе овозможи брз транспорт како во повеќето европски држави, го запоставува и тоа малку што остана од македонската железничка инфраструктура и опрема.

Левица најостро го осудува неодговорното менаџирање на македонскиот железнички сообраќај од страна на актуелната политичко-криминално-клиентелистичка владеачка коалиција која декларативно се залага за поврзување со Европа, а суштински целосно нè изолира. Цел на Левица е ревитализирање и модернизирање на железничкиот сообраќај во државата со рестартирање на згаснатите меѓуградски железнички линии, електрификација на сите пруги, како и изградба на пруги за брз патнички транспорт на фреквентни линии.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе