Либанскиот премиер повика на предвремени избори

Премиерот на Либан, Хасан Диаб вчера најави дека ќе предложи одржување предвремени избори во земјата, откако експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот ја продлабочи кризата.

Во телевизиско обраќање, Диаб ги повика сите политички партии да ги остават несогласувањата настрана и да работат заедно. Тој додаде дека е подготвен да остане на функцијата наредните два месеца, за да им даде време на политичарите да спроведат структурни реформи.

Полицијата во Бејрут вчера употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во главниот град на Либан. Демонстрантите се обидоа да се пробијат низ ограда за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите разгорени од незадоволството на граѓаните од начинот на кој власта изреагира на смртноносната експлозија што го потресе градот во вторникот.

Бројот на загинати во експлозијата во центарот на Бејрут што се случи во вторникот денеска се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското Министерство за здравство.

Како што се наведува, 21 лице се водат како исчезнати.

Експлозијата во пристаништето во Бејрут ја предизвика палење на повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој бил складиран шест години, откако бил конфискуван од царинската служба.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе