Лидерска средба закажана за утре

Утре четирите политички партии, потписници на договорот од Пржино треба да одржат лидерска средба, на којашто треба да одлучат дали се исполнети условите за тоа предвремените парламентарни избори да се одржат на 11 декември. 

Ад-хок телото коешто треба да ги мониторира медиумите пред изборите сè уште не е комплетирано, но сè поизвесно е дека петти член на ова тело ќе биде Сефер Тахири, откако другиот кандидат Даут Даути ја повлече својата кандидатура со образложение дека не сака да биде пречка за формирањето на ова тело и закажувањето на изборите. 

Четворицата членови на телото за медиумите делегирани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, повеќе од една седмица не можат да го изберат петтиот член на ова тело, кој треба да биде Албанец. 

Со откажувањето на Даути, се очекува новинарите Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова, предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ, да постигнат консензус пред лидерската средба и да го изберат Сефер Тахири за член на ова тело и со тоа да биде задоволен еден од условите за одржување на изборите.

„Го поздравуваме повлекувањето на Даут Даути од кандидатурата за петти член на Ад хок телото за мониторинг на медиуми за време на избори. Со тоа, веќе не постои натамошна пречка, четворицата избрани членови да го изберат единствениот преостанат кандидат и да го комплетираат составот на телото. Ги повикуваме да го направат тоа што поскоро, за да може Ад хок телото да почне со својата законски предвидена работа“, велат од СДСМ.

Сè уште не е кандидиран ниту уредник на јавниот сервис МРТВ, а според неофицијалните информации коишто ги објавија медиумите, СДСМ ќе ја кандидира новинарката Санта Аргирова за нов уредник на МРТВ.

Неофицијално средбата е закажана за во 13 часот, но партиите сè уште се договараат. И од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ претходно изјавија дека има услови да се одржат избори на 11 декември и дека ќе се одржи лидерската средба.  

На 19 август итече и рокот за пријавување на спорните гласачи во Државната изборна комиисја, па над 30.000 граѓани ќе имаат дополнителна можност да се пријават до ДИК во тек на јавниот увид пред предвремените избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.

 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе