НБА 2023/2024

Лилард постигна 45 поени во победата на Бакс, Ембиид ги предводеше 76ерс

Милвоки Бакс го победи Детроит Пистонс со 141:135 благодарение на маестралниот настап на Демиен Лилард.

Ѕвездата на Бакс го заврши мечот со 45 поени, 11 асистенции и 6 скока, додека Јанис Адетокунбо додаде 31 поен со 10 скока и 9 асистенции. Брук Лопес го заврши натпреварот со 19 поени, 10 скока и 4 асистенции, а Крис Мидлтон додаде 17 со 5 скока и исто така 4 асистенции, додека Малик Бизли постигна 11 поени со 2 скока. Двоцифрен беше и Пет Конотон со 10 поени и 4 скока.

Remote video URL

Кај Пистонс најдобар беше Алек Буркс со 33 поени, 7 скока и 6 асистенции, додека Аусар Томпсон додаде 22 со 9 скока. Бојан Богдановиќ постигна 19 поени со 2 асистенции, а Џејден Ајви мечот го заврши со 18 поени и по 6 скока и асистенции, додека двоцифрен беше и Мајк Мускала со 13 поени.

Remote video URL

Ќе го истакнеме и феноменалниот настап на Жоел Ембиид, кој во победата на Филаделфија 76ерс над Шарлот Хорнетс од 97:89 постигна дабл-дабл со 33 поени со 10 скока и 5 асистенции. Го следеше Тобиас Харис со 21 поен, 6 асистенции и 5 скока, а двоцифрен беше и Тајрис Макси со 16 поени, 8 асистенции и 3 скока.

За Хорнетс, Мајлс Бриџис беше најдобар со 25 поени, 11 скока и 3 асистенции, додека Брендон Милер додаде 23 со 7 скока и 3 асистенции, а двоцифрен беше Тери Розие со 19 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Remote video URL

Резултати:

Детроит Пистонс - Милвоки Бакс 135-141
Шарлот Хорнетс - Филаделфија 76ерс 89:97
Вашингтон Визардс - Сан Антонио Спарс 127:131
Атланта Хокс - Кливленд Кавалирс 95:116
Њујорк Никс - Торонто Репторс 126:100
Чикаго Булс - Мемфис Гризлис 125:96
Хјустон Рокитс - Јута Џез 127:126 (прод.)
Минесота Тимбервулвс - Оклахома Сити Тандер 97:102

Табела:

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Кошарка

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе