Литманен ја победи короната: Никогаш не ми било толку лошо

Најдобриот фудбалер во историјата на Финска и легенда на Ајакс, денес има 49 години и досега се бореше со коронавирусот откако се зарази пред неколку недели.

Славниот голгетер во интервју за Unibet опиша со какви проблеми се соочил поради заразата со COVID-19.

„Имав температура, главоболка и болка во мускулите. На моменти останував без здив, сѐ ме мачеше. Четири недели имав корона и уште не сум докрај опоравен“, вели тој.

Јари Литманен девет години беше дел од Ајакс за кој на 259 натпревари постигна 136 голови.

„Среќа што симптомите никогаш не беа многу силни па не морав да одам во болница. Успеав да се опоравам дома. Никогаш не сум бил во толку лоша состојба како сега“, заврши Финецот.

Литманен денес

Со Ајакс 5 пати стана шампион на Холандија, 3 пати ги освои КНВБ купот и холандскиот Суперкуп, а еднаш триумфираше во Лигата на шампиони, УЕФА Суперкупот и Интерконтиненталниот куп.

Играше и за Барса и Ливерпул, а со англискиот клуб во една сезона освои ФА куп, Лига куп, УЕФА куп, УЕФА Суперкуп и англиски Суперкуп.

За репрезентацијата на Финска на 137 натпревари постигна 32 гола, но никогаш немаше квалитетни соиграчи па затоа и не настапи на големо натпреварување.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе