Лондонска доби велолента, веднаш узурпирана

Чудо се појави во Тафталиџе! Велосипедска лента на ул. „Лондонска“! Вака соопшти денеска здружението НаТочак. Но, велолентата веднаш ја узурпираа неодговорни возачи.

Новата лента за велосипеди е од едната страна на улицата „Лондонска“ во Тафталиџе. Почнува од бул. „Митрополи Теодосиј Гологанов“ кај „Олимпико“, минува покрај училиштето „Јахја Кемал и завршува на бул. „Партизански одреди“.

„Оваа улица е една од најживите во цел Карпош. По неа се движат ученици од околните основни и средни училишта, луѓе кои пазарат на зелениот пазар во Тафталиџе или трите околни трговски центри (Олимпико, Тафталиџе и најважно - Сити мол), студентите кои живеат во студентскиот дом 'Гоце Делчев' и илјадниците жители во околните згради и куќи“, велат од НаТочак.

На оваа улица очајно ѝ е потребна безбедна инфраструктура за пешаци и велосипеди, напоменува здружението. Додавата дека велолентата треба што поскоро да продолжи до „Илинденска“.

„Таа е конектор меѓу два главни булевари, меѓу кои на едниот е велосипедската лента по која се движи најголемиот број на жители од овој регион (без бројачи не би можеле да знаеме, но ова е лична перцепција која може лесно да се потврди ако се гледа колку жители чекаат семафор на своите велосипеди на раскрсницата на 'Партизанска' со 'Московска', кај Сити мол). Оваа велосипедска лента треба природно да продолжи кон 'Илинденска' преку ул. 'Манапо', која е со предимензионирани коловозни ленти, најчесто нема паркирани возила или многу малку станбени/комерцијални објекти на кои би им требал приод и очекуваме лентите и таму набрзо да бидат изведени“.

Од сликата што ја објкави НаТочак може да се види дека столпчињата се ставени на преголема дистанца, доволно да пројде и да се паркира цел камион, а камо ли автомобил.

„Очекуваме нивната густина да се зголеми, исто како на бул. 'Митрополит Теодосиј Гологанов' кај АМСМ/Млин Балкан/студентски дом 'Кузман'. Очекуваме ваква лента да биде изведена и од западната страна на оваа улица како би се извело непрекинато движење на велосипедистите во двете насоки“, сметаат од НаТочак.

Инаку, велолента на ул. „Лондонска“ е ветувана од 2014 година. Половично реализирана дури во 2023.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе