НБА 2023/2024

Лош, полош, Пистонс: Детроит загуби 27-ми натпревар по ред и стана најлошиот тим во историјата НБА

Детроит Пистонс стана најлошиот тим во историјата на НБА, откако ноќеска на домашен терен загубија од Бруклин Нетс со 118:112, што беше нивен пораз број 27 во низа сезонава.

Бадијала Кејд Канингем постигна 41 поен и 9 скока за Детроит, Бојан Богдановиќ уфрли 23 поени, а Дурен имаше дабл-дабл од 12 поени и 15 скокови.

Нетс беа предводени од Камерон Џонсон со 24 поени, Микел Бриџис со 21, а Кем Томас постигна 17. Идентичен дабл-дабл учинок кај гостите имаа Николас Клекстон и Деј'Рон Шарп со 11 поени и 11 скокови.

Remote video URL

Така, го соборија рекордот од 26 последователни порази кои го држеа Кливленд Кавалирс од сезоната 2010/2011 и Филаделфија 76ерс од сезоната 2013/2014.

Овој пораз тешко им падна на навивачите на Детроит, а на крајот од натпреварот му скандираа „Продај го тимот!“ на сопственикот Том Горес.

URL

Тие, секако, не се ни сомневаа во вакво сценарио, со оглед на тоа што на 29 октомври беа на скор 2-1, но оттогаш ниту еднаш не победија.

Се разбира, не требаше долго за Пистонс да стане предмет на потсмев на социјалните мрежи, а в четврток можат да израмнат уште еден неславен рекорд.

URL

Имено, Филаделфија 76ерс загубија 28 последователни натпревари во 2015 година, но во текот на две сезони - 10 на крајот од едната и 18 на почетокот на следната.

Огромни се шансите Пистонс да го израмнат тој несакан рекорд в четврток на гостувањето во Бостон кај Селтикс, а потоа в сабота на домашен терен против Торонто Репторс да го срушат или барем колку-толку да го обелат образот и да слават.

Резултати:

Вашингтон Визардс - Орландо Меџик 119:127
Чикаго Булс - Атланта Хокс 118:113
Хјустон Рокитс - Индијана Пејсерс 117:123
Њу Орлеанс Пеликанс - Мемфис Гризлис 115:116 прод.
Оклахома Треил Блејзерс - Минесота Тимбервулвс 129:106
Сан Антонио Спарс - Јута Џез 118:130
Портланд Треил Блејзерс - Сакраменто Кингс 130:113
Лос Анџелес Клиперс - Шарлот Хорнетс 113:104

Табела:

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе