Лоша вест за оние кои делат лозинка за Netflix

Сите знаеме како функционира Netflix  - платформата овозможува повеќе претплатници да гледаат содржини истовремено, опција наменета за луѓе во исти домаќинства.

Сепак, злоупотребата на оваа опција е толку голема што компанијата сериозно размислува да се спречи споделувањето лозинки.

Секако, во Netflix се свесни дека којзнае колку луѓе често споделуваат една лозинка, со цел да ги намалат трошоците и да ја поделат сумата за претплатата. Пред пет години, еден од основачите, Рид Хејстингс, изјави дека ова споделување на лозинки е „нешто со кое ќе мораат да живеат“, бидејќи е невозможно да се знае кој ја споделува лозинката со членови на семејството дома, а кој со пријателите.

Аналитичката компанија Magid спроведе истражување во кое заклучи дека околу една третина од корисниците на Netflix ги споделуваат своите лозинки со други луѓе.

Во последно време, се чини дека раководителите на Netflix одлучија дека не сакаат да „живеат со тоа“ доколку не мораат, бидејќи на некои корисници неодамна им беше кажано дека „ако не живеат во исто домаќинство со сопственикот на профилот , треба да имаат свој профил за да ги гледаат содржините“.

На некои регистрирани корисници им беше испратена и СМС-порака со код што треба да го внесат доколку сакаат да продолжат да ја гледаат содржината.

BBC контактираше со Netflix, од каде им беше кажано дека спроведуваат тестови за да проверат дали профилите се користат регуларно. Сепак, сè уште нема информации дали оваа проверка ќе биде продолжена и проширена, дали оние што не живеат во исто домаќинство со сопствениците на профилите ќе сносат некои последици, како и какви можат да бидат тие последици.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе