Лукашенко потврди: Пригожин е во Русија

МАКФАКС
/ 06.07.2023 / 10:50

Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека лидерот на групата Вагнер,  Евгениј Пригожин, повеќе не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург.

„Ова е руска група. Значи, прашањето очигледно не е за мене. Колку што сум информиран, борците се во нивните кампови. Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Тој не е на територијата на Белорусија“, рече Лукашенко.

Се веруваше дека Пригожин се согласил да замине во Белорусија како дел од договорот за ставање крај на неговиот обид за вооружен бунт. Исто така, беше договорено Русија да се откаже од неговото кривично гонење.

Сепак, првиот сомнеж дека Пригожин воопшто не останал во Белорусија се појави минатата недела кога беше објавено дека два авиони полетале од Белорусија за Русија, а на еден од нив бил Пригожин.

Од тогаш, не беше јасно каде се наоѓа основачот на Вагнер.

Симптоматично е и тоа што токму денеска руската државна телевизија објави видео од рацијата на локациите во сопственост на Пригожин.

Како што се наведува, руските служби упаднале и во неговата вила која се наоѓа во Санкт Петербург и таму нашле секакви работи – од голема сума пари, до перики, маски, па дури и оружје.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе