Мадона: Закрепнав од коронавирусот, мислев дека имам грип

Поп-ѕвездата Мадона објави дека била позитивна на коронавирус на крајот на турнејата во Париз пред 7 недели, а позитивни биле и неколку членови од нејзината екипа.

61-годишната Мадона вели дека е позитивна на антитела на коронавирусот што би можело да значи дека заболела од COVID-19 без да го знае тоа.

„Кога сте тестирани позитивно на антитела значи дека сте го имале вирусот, како што е со мојот случај бидејќи бев болна на крајот на турнејата во Париз, пред седум недели, како и повеќето уметници кои учествуваа во шоуто“, напиша Мадона на социјалните мрежи.

На Instagram ја следат над 15 милиони обожаватели.

Таа објаснува дека тогаш сите мислеле дека се болни од тежок грип. Вели дека сега сите се закрепнати и здрави.

Овие детали не беа познати кога Мадона ја заврши светската турнеја на 9 март, пред двата најавени концерти во Париз, откако француските власти забранија масовни собири со цел да го запрат ширењето на вирусот.

Светската турнеја Madame X Tour на Мадона почна во септември, 2019 година со концерти низ САД, Лисабон и во Лондон.

Минатата недела претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен откри дека Мадона донирала огромна сума пари за научни цели, поточно за пронаоѓање вакцина за COVID-19.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Музика

Која е најчесто користената песна во филмови?

Read more

Мадона позираше со 38 години помладиот нов дечко

Read more

Лејди Гага го турна рекордот на Мадона со историски концерт на Копакабана

Read more

Горан Бреговиќ заврши на црна листа поради поддршката за Русија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Која е најчесто користената песна во филмови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 актери кои глумеа исто во сите улоги

Читај повеќе

Харви Вајнстин низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Читај повеќе

Која е најголемата желба на порно ѕвездата Анџела Вајт?

Читај повеќе
  • play_arrow

Фотограф „му го пукна филмот“ на Дензел Вашингтон во Кан

Читај повеќе

Џесика Бил не им дозволува на синовите да ги гледаат нејзините филмови: Не им треба тоа, премлади се

Читај повеќе

Дали Netflix треба да ви врати 200 евра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Netflix воведува AI реклами: Доаѓаат наскоро и ќе бидат генерирани само за вас

Читај повеќе