Легендарниот боксер Мајк Тајсон покажа неверојатен физички изглед на тренингот со Френсис Нгану.

Тајсон моментално помага да се подготви Нгану за борбата со Тајсон Фјури и ја искористи можноста да го покаже својот неверојатен изглед.
Иако кариерата ја заврши во 2005 година и долго време беше надвор од рингот, пред три години се активираше во теретана и почна да тренира со ММА тренерот Рафаел Кордеира. Тоа донесе очигледни резултати.
Тајсон изгуби значителен број килограми откако продолжи со својот познат тренинг режим.
Сега легендарниот боксер, кој стана најмладиот светски шампион во тешка категорија во 1986 година (20 години), се огласи на социјалните мрежи и се пофали со својот неверојатен изглед на 58-годишна возраст. Уште има импресивни мускули и изгледа како да е подготвен за уште една борба.
Фановите ја пофалија неговата фотографија и фигура.
Легендата на боксот неодамна објави партнерство со ѕвездата на УФЦ, Френсис Нгану. Тајсон се приклучи на тимот на Нгану пред неговата борба в сабота против Тајсон Фјури.