УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2022/2023

Македонија ЃП убедливо поразена и елиминирана од ЦСКА Софија

Филип Здравески
/ 28.07.2022 / 20:50

Тимот од скопската населба Ѓорче Петров загуби убедливо на реванш гостувањето во соседна Бугарија и се соочи со експресна елиминација од Европа конференциската лига на УЕФА.

„Лавовите“ отпатуваа за Софија со 0:0 од првиот натпревар минатиот четврток во Скопје, но вечерва на реваншот беа поразени. Како победници на Купот на Македонија стартуваа од 2. коло, но и веднаш се соочија со елиминација.

Домашниот тим на ЦСКА Софија поведе во 31. минута кога холандскиот бек Јурген Матеј, кој е и капитен на бугарскиот клуб, погоди откако најдобро се снајде во гостинскиот шестнаесетник после удар од аголот.

На средината од второто полувреме, во 61. минута, домашните го дуплира аводството откако мрежата на младиот Христијан Стевковски ја затресе Георги Јомов.

Третиот гол падна во 78. минута кога погоди српскиот интернационалец Лазар Туфеџиќ, додека конечните 4:0 ги постави напаѓачот од Хаити, Дикенс Назон.

ЦСКА во 3. коло ќе игра против подобриот од дуелот на ирскиот Сент Патрикс со словенечка Мура.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more
 

Ново

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе