Македонија и Бугарија го потпишаа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, во Владата го потпишаа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Договорот е потпишан на македонски и на бугарски јазик во согласност со уставите на двете земји, а предвидува бугарска поддршка во македонските евро-атлантски напори за влез во ЕУ и НАТО, соработка на билатерален план, унапредување на транспортните комуникации, олеснување разни царински и гранични формалности, како и олеснување на контактите меѓу граѓаните на Македонија и Бугарија.

Македонскиот премиер по ставањето потпис на договорот рече дека тој е историски чекор напред кој покажува дека минатото може да биде темел за идна соработка.

„Овој договор е заемен успех и придонес кон политичка стабилизиација за регионот и пошироко. Се определивме за политички решенија, а не проблеми. Во Бугарија видовме конструктивен партнер со исти цели. Ова наше пријателство е пример како долгогодишната кочница може да се претвори со мотор за развој. Оваа соработка ќе помогне за унапредување на патната и гасната инфраструктура на двете земји. Прашањето на добрососедските односи е прашање на зрелост и затоа овој договор е значајна порака до ЕУ и НАТО дека земјите имаат политички раководства кои градат мостови. Бугарија од денес е уште поголем пријател и сојузник кон евро-атлантските перспективи“, изјави Заев по потпишувањето на договорот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе