Македонија и Ерменија ќе играат пријателска во Струмица во октомври

Филип Здравески
/ 15.09.2023 / 13:34

Фудбалската федерација на Македонија и Фудбалската асоцијација на Ерменија го потврдија контролниот натпревар меѓу нивните две репрезентации.

Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана за 17 октомври (вторник) на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот.

За овој натпревар се зборуваше дека ќе се игра уште преед некој емсец, но дури сега е потврден. Македонија претходно, на 14 октомври игра на гости против Украина во ЕУРО 2024 квалификациите, додека Ерменија на 12-ти игра против Латвија на гости. Двете репрезентации се слободни во вториот октомвриски термин, па затоа договорија пријателска.

Добро е што ФФМ одлучи натпреварот да го организира во град различен од Скопје. Но, терминот во вторник среде работно време не е добар избор.

Последниот натпревар против Ерменија го одигравме на 11 ноември 2021 година во квалификаците за Мундијалот 2022. Тогаш во Ереван избраниците на селекторот Благоја Милевски славеа со убедливи 5:0. 

Ерменија е репрезентација против која Македонија има одиграно убедливо најмногу натпревари во својата историја - 12, а овој ќе биде 13-ти. Во меѓусебниот скор Македонија има 5 победи, Ерменија има 4, а 3 натпревари завршија без победник. Гол-разликата е 20:17 во корист на Македонија.

Репрезентацијата на Македонија само со три репрезентации има одиграно двоцифрен број на натпревари. Најмногу се оние 12 со Ерменија, со Лихтенштајн имаме 11, а со Албанија 10.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе