Македонија за првпат дел од официјалната програма на Канскиот Филмски Фестивал

Преку „Сестри и Брат Митевски Продукција“ Македонија учествува во најновиот филм на Кристи Пуиу, „Сиера Невада“, филм што ја носи Македонија во првото учество во главната програма на Канскиот Филмски Фестивал.

„Како продуцент, морам да посочам дека ова е еден од моите најголеми успеси. Но, пред се, ова е голем ден за македонската кинематографија. Нема автор или продуцент, актер, филмски професионалец, кој не посакува да биде во Кан, во која било програма. На жалост, Кан многу малку знае за нашата кинематографија, и со овој успех, со оваа копродукција сметам дека пополека ќе започне да ни се отвара и Канската врата“, изјави Лабина Митевска.

„Сиера Невада“ е копродукција помеѓу Романија, Франција, Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а поддржан е и од Еуримаж. Францускиот ко-продуцент е една од највлијателните продуцентски куќи Wild Bunch. Ова филмско остварување е поддржано како малцински проект од страна на Агенцијата за Филм на Република Македонија со 5.000.000 денари.

Целиот буџет на филмот е 1.300.000 евра. Романската кинематографија во последната деценија бележи неверојатен подем. Годинешното канско издание има два филма во официјална натпреварувачка конкуренција и еден во престижната Извесен Поглед - Un Certain Regard.

Од македонска страна учествуваа  извонредни професионалци, Иво Бару како како втор асистент на режија, Мојца Горгоранц-Петрушевска како автор на шминка, Анастас Георгиев во секцијата на звук заедно со Александар Ѓорѓевич, Горјан Атанасов, како и помала техничка екипа.

 „Сиера Невада“, зборува за еден фамилијарен собир. Преку инволвираноста во оваа фамилија на многу директен начин се отвараат многу интересни аспекти и теми од животот во Романија. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе