Макрадули: РДФ не е опасен отпад, со забрани не се решаваат работите

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Со забрана не се решаваат работите во животната средина, туку со регулирање и мониторирање и со интегрирана акција базирана на наука. Ова не е решение, ова е само популизам, рече заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули во однос на барањето итно да се изласа закон за забрана на увоз на отпад што се користи како гориво. Предлогот го достави ДОМ, а активисти од движењето „Петоци за иднината“ денеска протестираа барајќи тој да се стави на дневен ред во Собранието.

Во гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 Макрадули рече дека РДФ што Цементарницата Усје го користи како енергенс не е опасен отпад и не е извор на аерозагадувањето како што се тврди.

-РДФ-от е неопасен отпад кој се добива од различни комбинации на отпад – комунален, индустриски, од текстил, од калта од пречистителни станици… Тие хемиски се обработуваат и се создава алтернативно гориво. Добро е државата да има свој погон што ќе произведува РДФ за да може да го контролира уште повеќе и посигурно. Тоа требаше да го направи Дрисла. За жал, тие не го исполнија договорот и една од обврските за да може од отпадот што го имаме да не се создаваат купишта, туку да се преработи и тој отпад да го нема, рече Макрадули.

Според него, неточни се тврдењата дека е забранет во ЕУ и посочи дека во цементарниците во Шведска и Норвешка РДФ се користи 60-70 отсто.

-Во Србија е забрането, но не и во Хрватска, Чешка и во Албанија како што велат, рече заменик-министерот. Додаде дека е лицемерно што протестите ги поддржуваат и пратеници од опозицијата затоа што дозволата за да користи РДФ-отпад Цементарница Усје ја добила токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога МЖСПП им одобрило да увезат 25 илјади тони.

Дозвола за увоз на отпад кој се користи како енергенс имаат цементарницата Усје и ФЕНИ, но минатата година неа ја искористила само Усје. Во 2019 година, како што соопшти Макрадули, Цементарницата увезла 5000 тони РДФ.

Во врска со издвојувањето на камионите на Царина во Гевгелија од кои се земени примероци на отпад не е прв случај и дека Државниот инспекторат за животна средина и другпат правел вонредни контроли. Резултатите од примероците пратени на испитување во лабораторија во Естонија се чекаат за десетина дена.

Макрадули е категоричен дека најголем загадувач на воздухот е затоплувањето во домаќинствата и во јавните институции кои се  греат на нафта, мазут и јаглен или со штетни материи како гуми. Единствено решение за намалување на штетните емисии и ПМ-честички, рече, е промената на начинот на греење и поврзување на гас или на топловодни мрежи. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе