Макрон: Веројатно ќе треба да поминат децении пред Украина да стане членка на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека најверојатно ќе биде потребно да поминат неколку децении пред Украина да може да стане полноправна членка на Европската Унија.

Во обраќањето на форумот за иднината на ЕУ пред Европарламентот тој истакна дека согласно постоечката легислатива за процесот на просоединување ќе биде потребно долго време, „реално неколку децении“, притоа повикувајќи на структурални промени во рамки на Унијата.

Макрон побара од ЕУ да најде „нови начини за политика соработка“ со државите што не се членки на Унијата и тоа во областите на безбедноста, енергетиката и транспортот, притоа посочувајќи ја за пример Украина.

Претходно, претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, изјави дека идниот месец Украина ќе го добие првиот одговор на поднесената кандидатура за присоединување кон ЕУ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќањето преку видео-врска, изрази задоволство што постои подготвеност во рамки на ЕУ за забрзување на процедурите поврзани околу формалното барање за присоединување. Тој нагласи дека Украина веќе ги доставила одговорите на вториот дел од Прашалникот што го пополнува секоја држава кандидатка за членство.

Зеленски изрази надеж дека веќе наредниот месец Украина и формално ќе го добие кандидатскиот статус за членство. 

реклама

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе