Малолетничка осомничена за убиство на момчето најдено мртво во реката Пена

Седумнаесетгодишна девојка е осомничена за убиство на 16-годишиното момче, кое вчера наутро беше најдено мртво во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. По увидот и започната истрага, тетовското Обвинителтво до Основниот суд поднел барање за подготвителна постапка поради сомнение за сторено убиство.

-Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичен законик. Осомничената 17-годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор, соопшти денеска Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство.

Седумнаесетгодишната девојка е од тетовско Рогле, а полицијата за настанот направила службен разговор со уште едно малолетно машко лице од Тетово.

-На 22.12.2022 во 14:00 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со  17-годишен малолетник од Тетово, соопшти СВР Тетово.

Малолетникот на 16 години, кој беше најден починат, е од Ново Село, Општина Желино, информира СВР Тетово. Неговиот татко во средата околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома со автомобил. Возилото беше најдено околу 02.20 часот, во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“, додека безживотното тело околу 7 часот вчера наутро.

На местото каде беше најден малолетникот смрт констатираше лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телото беше дадено на обдукција.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Хроника

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Read more

Обвинение за скопјанец кој силувал и претепал жена

Read more

Тинејџер уценувал битолчанец со експлицитни фотографии

Read more

Жена од Кичево физички нападната од сопругот и синот

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе