АФЦ АЗИСКИ КУП 2023 КАТАР

Манчини потфрли, Саудијците на пенали елиминирани од Азискиот куп

Филип Здравески
/ 30.01.2024 / 20:53

Иако водеше против Јужна Кореја, Саудиска Арабија прими гол за израмнување длабоко во судиското надополнување, а потоа загуби на пенали.

Ништо од враќањето на азискиот пехар во Саудиска Арабија по пауза од 28 години. Ниту Роберто Манчини не успеа да направи успех со оваа репрезентација, дури и разочара бидејќи Саудијците се пакуваат за дома со елиминација уште во осминафиналето.

Икао групата ја минаа без пораз, со победи над Оман (2:1) и Киргистан (2:0) и едно без голови против Тајланд, избраниците на Манчини потфрлија во првиот нокаут предизвик.

Денеска ги вкрстија копјата со Јужна Кореја, која во групната фаза не одигра добро. Откако првите 45 минути завршија без голови, веднаш штом почна вториот дел Саудијците поведоа преку Абдула Радиф.

Се држеа, регуларните 90 минути истекоа, и кога сите помислија дека Манчини и неговата репрезентација ќе одат понатаму во 9-тата минута од надополнувањето Чо Гуе-сан погоди за израмнување и го одведе натпреварот во продолженија.

Remote video URL

Таму немаше голови, па победникот мораше да се одлучи по изведување на пенали. Серијата од 5 пенали не го дочека крајот, беа изведени само по 4 откако Сами Ал-Наџеи и Абдулраман Гариб промашија за Саудиска Арабија, додека сите четворица Корејци беа сигурни.

Дефинитивно во Саудиска Арабија ќе бидат многу разочарани од неуспехот на Манчини, особено што уште пред турнирот му се замеруваше за изоставувањето на тројца играчи кои беа дел од репрезентацијата на Мундијалот 2022.

Инаку, за пласман во полуфиналето на Азискиот куп 2023 во Катар ќе се борат:

Таџикистан - Јордан
Австралија - Јужна Кореја
Катар - Узбекистан

додека последната двојка ќе биде позната утре кога ќе играат Бахреин - Јапонија и Иран - Сирија.

Финалето е на 10 февруари.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе