Мандатарот во потрага за владин партнер

Николa Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по петти пат го доби мандатот од претседателот да состави Влада, но овој пат тоа ќе биде малку потешка задача.

Во следните дваесет дена тој треба да преговара со други партии за да овозможи мнозинство во парламентот кој би му изгласал влада, а најлесно до тоа би стигнал доколку коалицира со досегашниот владин партнер, албанската партија Демократска унија за интеграција.

Според најавите досега, а и самата програма што ја испорача лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изборната кампања, тоа ќе биде тешка задача, а и избраните пратеници од ДУИ се противат на коалиција со Груевски. Тука е и платформата на албанските партии објавена во саботата, со која се залагаат за повеќе албански прашања, без чие остварување нема да се нафатат на коалиција.

Од ДУИ велат дека чекаат покана за почеток на преговори со Груевски, на кои ќе излезат со платформата. Тврдат дека во неа нема барања кои не биле актуализирани до сега.

Билал Касами од Беса и Зијадин Села од Алијансата на Албанците, кои заедно освоија осум пратенички места, уште за време на кампањата велеа дека со Груевски и со осомничени политичари не преговараат. Сепак, како дека од платформата која ја поддржуваат, бараат таа да мора да се исполни. Додаваат дека тоа не може да го оствари влада предводена од човек кој што е главен осомничен во Специјалното јавно обвинителство и човек на кој политиките му биле антиалбански.

Од Алијансата за Албанците, велат дека влада со Груевски не доаѓа во предвид, на истиот став е и Беса, од каде додаваат дека нема да влезат во комбинација со никој што е „клинент на Катица Јанева и се сомничи за повеќе кривични дела“, а такви имало и во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ.

Пред да го добие мандатот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Дневник“ и самиот порача дека ќе се обиде да формира влада, но не по секоја цена.

Според сите најави до сега, најлесно е да се состави влада во комбинација со ДУИ, затоа што Груевски има 51 пратеник во собранието, а со десетте на ДУИ, се добива слабото, но посакувано мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Истата бројка се добива и со коалиција со останатите албански партии кои влегоа во парламентот, но за тоа едноставно нема шанси според нивните најави дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.
На таков став се од Беса и од Алијанса на Албанците, а ДПА пак, која освои два мандата, не влезе ни на конститутивната седница во парламентот, па мали се шансите да влезе во владина коалиција.

Постои можност, како што најави и самиот Груевски, да не се состави влада. Таков случај имаше во 1992 година, кога Петар Гошев го врати мандатот, па тој му беше доделен на лидерот на партијата која имала втор најголем број гласови на изборите. Во тој случај, Зоран Заев од СДСМ би го добил мандатот за составување влада. Албанските партии, особено Беса и Алијанса на Албанците, се порасположени за коалиција со него, но и тоа мнозинство во парламентот би било слабо.

Заради сите овие можности, можна опција е наскоро да бидат распишани нови избори, кои би тербало да дадат постабилна влада. Сепак, се ќе биде познато по рокот од 20 дена за составување на новата влада.

реклама

Македонија

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе