Marca: Мбапе ги сака своите 150 милиони евра, а ПСЖ не му може ништо

Летниот преоден рок веќе понуди неколку интересни трансфер зделки.

Една од нив беше трансферот на Марцело Брозовиќ во Саудиска Арабија, а пред самиот почеток на рокот бевме сведоци на заминувањето на Лионел Меси во Интер Мајами. Трае уште една трансфер сага и не ѝ се гледа крајот.

Како и во последните неколку години, главни актери се Килјан Мбапе и ПСЖ. Имено, францускиот напаѓач сè уште не го продолжил договорот кој истекува следното лето, но не го комплетираше трансферот во Реал Мадрид како што се очекуваше. Дојде време да се појави на подготовките за следната сезона, а впечатокот е дека никој не сака да го види таму. Така барем пишува шпанскиот весник Marca кој наведува дека во Париз се бесни на него.

Имено, Мбапе ги известил челниците на францускиот шампион дека нема намера да потпише нов договор, но и дека има намера да го заврши тој што го има и потоа да го напушти клубот како слободен играч. Секако, тоа не им се допаѓа на сопствениците на ПСЖ бидејќи следното лето би го загубиле без да заработат ниту едно евро од него.

Сè зависи од него

Затоа му поставија ултиматум - или нов договор или ќе биде продаден. Единствениот проблем со таа приказна е што ПСЖ не прашува дали Мбапе ќе биде продаден. Французинот има договор и никој не може да го принуди на трансфер. Само тој одлучува кога ќе го напушти клубот.

„ПСЖ не може да го принуди Мбапе да направи нешто што не сака. Иако досега беше јасно, побаравме потврда од ФИФА и така стојат работите. Клубот не може да продаде фудбалер на друг клуб ако тој не сака оди таму. Тоа што се прави во НБА со размена на играчи не може да функционира во фудбалот“, пишува Marca и додава:

„Не само тоа, ако парижаните го притискаат Мбапе да го напушти клубот и не ги почитуваат сите услови од договорот што го потпишаа, постои шанса Мбапе да добие раскин на договорот во негова корист. Мбапе едноставно сака да го добие бонусот од 150 милиони евра што ќе ги добие доколку остане во ПСЖ до крајот на актуелниот договор. И ќе успее затоа што го има ПСЖ на мал прст“.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе