Марк Закерберг нема намера да поднесе оставка од Facebook

Извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг, рече дека и покрај бројните реакции за работата на неговата компанија тој нема намера да поднесе оставка од позицијата. Закерберг годинава дури и се појави пред американскиот Конгрес за да сведочи за прекршувањето на правилата за приватност на неговата компанија, скандал кој беше дел од соработката на Facebook и Cambridge Analytica.

„Не е предвидена оставка“, изјави синоќа Марк Закерберг за телевизијата CNN Business кога беше запрашан дали има намера да отстапи од позицијата претседател на извршниот одбор на Facebook.

Тој исто така застана зад „број два“ човекот во Facebook, Шерил Сандберг, која посебно беше критикувана поради нејзиниот пристап кон кризата која неодамна го погоди Facebook. Марк изјави дека таа е многу важен дел од компанијата и дека секогаш се труди да се избори со бројните предизвици кои стојат пред неа.

„Таа е мој важен партнер веќе 10 години. Навистина сум горд на работата која успеавме да ја завршиме заедно и се надевам дека ќе работиме заедно во децениите кои доаѓаат“, додаде Закерберг.

Facebook оваа година беше погоден од повеќе скандали, од кои најголем беше оној со Cambridge Analytica, која без дозвола на корисниците ги користеше нивните податоци во политички цели за време на претседателските избори во САД во 2016 година. Неодамна во New York Times беше објавено истражување кое тврди дека раководството на Facebook знаело за руското мешање во претседателските избори во САД, но решило да не се меша и да го остави случајот непријавен.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе