Филм & ТВ

Marvel го сподели семејното дрво на Black Panther

12. февруари 2018 - 11:53 | К.З.

Само неколку дена пред филмот да ја доживее неговата премиера, филмското студио Marvel го објави семејното дрво на Т’чала, попознат како Black Panther, за целиот свет да знае од каде тој потекнува.

Исто како што е случајот кај скоро било кој што го проверува своето семејно дрво, и во семејната лоза на Black Panther има неколку изненадувања.

Семејното дрво кое е претставено во видеото подолу, кое го објави Marvel, е претставено онака како што неговата семејна лоза се развиваше во стриповите од стрип-универзумот на Marvel. Сепак, видеото претставува многу повеќе од она што ви е потребно да го знаете за да бидете подготвени за филмот, кој својата премиера во македонските киносали ќе ја доживее на 15 февруари.

Black Panther за првпат се појави во стрипот Fantastic Four #52, заедно со Рид Ричардс, Сју Сторм, Џони Сторм и Бен Грим. Две години подоцна, тој се здружи со Captain America за првпат во Tales of Suspence #97, пред Стив Роџерс да ја посети Ваканда едно издание подоцна.

Коментирај