Маск го ограничил интернетот во Украина за да спречи светска војна

Илон Маск верува дека ограничувањето на SpaceX на употребата на сателитскиот интернет сервис Starlink од страна на украинската војска за контрола на беспилотни летала е неопходно за да се спречи конфликтот да ескалира во светска војна.

„Starlink е комуникациски столб на Украина, особено на првите борбени линии, каде што е уништена речиси целата друга интернет конекција. Но, нема да дозволиме ескалација на конфликтот што може да доведе до Трета светска војна“, напиша Маск на Twitter како одговор на барањето на поранешниот астронаут на НАСА, Скот Кели, за враќање на целосниот пристап до интернет за украинските сили.

URL
URL

Американската вселенска компанија основана од Маск, ја користи својата услуга Starlink за на Украина да ѝ обезбеди пристап на интернет од почетокот на конфликтот, бидејќи инфраструктурата на оваа земја е тешко оштетена од руските напади.

Минатата недела, извршната директорка на SpaceX, Гвин Шотвел, рече дека услугата што ја користат украинските сили за контрола на беспилотни летала „никогаш не требаше да биде вооружена“, додавајќи дека компанијата презела чекори за ограничување на неговата употреба, без да прецизира какви мерки се преземени.

Оваа вест предизвика бурни реакции во Украина, а советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак, напиша дека компаниите мора да одлучат дали се „на страната на Украина и правото на слобода“ или „на страната на (Русија) и нејзиното 'право' да убива и да ограбува територија“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе