Маж фатен со кокаин пробал да ја фрли дрогата и нападнал полицаец

Тетово, 6 август 2019 (МИА) – Полицајци од Тетово нашле кокаин кај три лица, а притоа едниот од нив се обидел да ја фрли дрогата и нападнал еден од службениците. Настанот се случил синоќа околу 21 часот на улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово.

– Од слобода се лишени Е.Н. (32) и К.Б. (30), двајцата од тетовското село Порој и С.Ч. (21) од соседна Албанија. Притоа, 32-годишникот од Порој се обидел да го фрли кокаинот, а потоа и нападнал еден полициски службеник. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и ќе следува соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Неколку часа подоцна, поточно дваесетина минути по полноќ, во тетовското село Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко моторно возило „Шкода Фабиа“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 29-годишниот тетовец Л.М., а во кое се наоѓале и А.Ј.(33) од Голема Речица и Б.Џ. (28) од Тетово.

Откако е извршен преглед врз нив и на возилото пронајдена е марихуана, тројцата се лишени од слобода и се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе