Меј ја поддржува истрага против Cambridge Analytica

Лондон, 21 март 2018 (МИА) - Премиерката на Велика Британија Тереза Меј денеска изјави дека поддржува истрага против Cambridge Analytica, консултантската фирма која е во центарот на скандалот околу употреба на податоци од Facebook.

„Она што го видовме во Cambridge Analytica, тие обвинувања се очигледно многу загрижувачки и тие треба да бидат истражени соодветно, рече Меј пред пратениците во британскиот Парламент.

Таа нагласи и дека не знаела за никакви актуелни договори на Владата со Cambridge Analytica или компанијата на која таа и припаѓа.

Професорот на Универзитетот во Кембриџ, Александар Коган, кој ги собирал податоците за милиони корисници на Facebook, денеска изјави дека е „жртвено јагне“ на оваа социјална мрежа и компанијата Cambridge Analytica, тврдејќи дека точноста на обработените податоци е „претерана“.

Компанијата Facebook и нејзиниот сопственик Марк Закерберг се изложени на критки од светската јавност откако беше објавено дека компанијата Cambridge Analytica незаконски собирала лични податоци на преку 50 милиони корисници на социјалната мрежа. Кристофер Вајли, поранешен вработен во фирмата откри дека Cambridge Analytica ги користела профилите  за предизборната кампања на Доналд Трамп и за победничкиот тим на кампањата за Брегзит.

Фејсбук соопшти дека податоците ги собирал Александар Коган, професор по психологија.

Коган денеска за BBC изјави дека за Cambridge Analytica работел во 2014 година, но истакна дека не знаел оти тие податоци ќе бидат искористени и за предизборната кампања на тогашниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.

Тој наведе и дека Cambridge Analytica ја преувеличила точноста на обработените податоци и оти така обработените податоци всушност би можеле да и наштетат на кампањата на Трамп.

Коган призна дека податоците што ги собрал можеле да бидат искористени за претседателските избори во САД во 2016 година, но сепак истакна дека да не мисли оти тие би можеле многу да влијаат врз исходот од изборите.

Истражувачот вели дека податоците ги собирал за да направи модел на човечко однесување на социјалните мрежи, додека Facebook тврди дека тој ја прекршил политиката на компанијата.

Професорот од Кембриџ објасни дека развил истражување за личност под име „Ова е твојот дигитален живот“. Тој собрал околу 270.000 податоци, но неговата програма собрала и некои јавни податоци на пријатели на корисници на Facebook.

На тој начин, тврди Вајли, за Cambridge Analytica се собрани податоци за околу 50 милиони корисници.

Коган за BBC изјави дека е запрепастен од тврдењата против него затоа што му е кажано дека програмата е целосно легална.

„Од Cambridge Analytica ни рекоа дека се што правиме е легално... Мислевме дека правиме нешто што е сосема нормално... Мислам дека и Facebook и таа фирма ме искористија како жртвено јагне“, рече тој.

Портпаролот на Facebook, во меѓувреме, изјави дека на Коган не му било дозволено податоците да ги доставува до фирмата Cambridge Analytica, односно на трета страна која би можела да ги искористи во комерцијални цели.

Исто така рече дека делењето податоци за пријатели на корисници на Facebook е спротивно на основните принципи на компанијата.

Коган, пак, вели дека го следел советот на Cambridge Analytica и дека немал причина да се сомнева оти со тоа ги крши правилата на Facebook. Тој рече и дека лично немал никаква корист од собраните податоци и дека сега се обидува да соработува со властите.

„Единствено згрешив во тоа што не поставував доволно прашања“, вели професорот и додава дека неговата академска работа во Русија нема никави врски со она што го работел за Cambridge Analytica.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе