Мелони: ЕУ мора да се потруди повеќе да го запре протокот на мигранти

Европската Унија мора да се потруди повеќе за да ги заштити своите граници и да го запре заминувањето на бродови со мигранти од Северна Африка, изјави денеска италијанскатаа премиерка Џорџа Мелони.

Мелони ова го изјави во италијанскиот парламент пред самитот на европските лидери оваа недела.

Италија, која вети цврст став за имиграцијата, во неделата пречека повеќе од 500 мигранти кога дозволи два брода со хуманитарна помош да се закотват. Подоцна во дебатата, Мелони рече дека политиката на ЕУ за релокација на мигрантите не функционира за Италија, која носи преголем товар.

„Не мислам дека решението е во тоа што Италија е единственото пристаниште за влез во ЕУ, а потоа другите земји земаат 30 луѓе на 100.000“, рече Мелони.

„Не мислам дека Италија треба сама да го прави она што другите не се подготвени да го направат“, додаде таа. Сепак, и другите земји од ЕУ се под притисок на други рути на мигранти. Само во септември Франција примила околу 15.000 барања за азил, Германија речиси 21.000, Австрија околу 15.700 и Шпанија повеќе од 11.000 во споредба со 8.500 за Италија, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Еуростат.

Тензиите меѓу Рим и Париз се разгореа минатиот месец откако Франција дозволи чамец со околу 230 мигранти да се симне откако Италија го спречи неговото симнување. Повеќе од 98.000 мигранти пристигнале во Италија по море оваа година, во споредба со околу 63.000 во истиот период во 2021 година, според податоците на Министерството за внатрешни работи.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Свет

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Read more

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Read more

Иран заплени десетици Starlink антени

Read more

Макрон предупреди: Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците

Read more
 

Вести

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Читај повеќе

Ужасна несреќа во Тајланд: Кран падна врз воз, триесетина загинати

Читај повеќе

САД го запира издавањето визи за 75 земји

Читај повеќе

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Читај повеќе

ДУИ за една изборна единица бара со праг од 5%, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД

Читај повеќе

Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран заплени десетици Starlink антени

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Читај повеќе