Mercedes-Benz (Benz) ги покани сопствениците на околу 250.000 возила ширум светот да ги донесат на сервисна проверка и можна замена на несоодветни делови, потврди во вторникот портпаролот на германскиот автомобилски гигант.
Повлекувањето првпат се појави во базата на податоци на Германската управа за моторен сообраќај (KBA) и се однесува на моделите AMG GT, C-Class, CLE, E-Class, GLC, S-Class и SL, како и EQE и EQS e- модели произведени во 2023 година и подоцна. Само во Германија кампањата вклучува 37.000 возила.
Особено, некои од осигурувачите инсталирани во овие возила може да бидат несоодветни. Последиците може да бидат дефект на моторот, па дури и пожар, се вели во извештајот на KBA.
Mercedes превентивно ќе ги замени тие осигурувачи на споменатите модели, соопштија од концернот. Интервенцијата во овластениот сервис трае неколку часа, а трошоците се на товар на производителот.