Меркел: Никој не е заинтересиран за лоши односи со Русија

Вашингтон, 28 април 2018 (МИА) - Никој не е заинтересиран за лоши односи со Русија, но за несогласувањата со Москва треба отворено да се зборува,  изјави германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

„Никој не е заинтересиран за лош однос со Русија, но кога се случуваат конфликти, како на пример во Украина, тие треба да бидат именувани со нивните вистински имиња“, рече Меркел.

Таа додаде дека со Трамп разговарале за политиката на Русија, нејзината улога во Сирија, состојбата во Украина, како и за можните последици од санкциите на САД против Москва за Германија.

„Се разбира, разговаравме за прашањето за Украина, за тоа работиме во тесна соработка против нелегитимните дејства на Русија“, рече Меркел.

 Таа посочи дека е многу задоволна што американската Влада соработува во однос на ова прашање како дополнување кон Минскиот формат и дека тоа, како што рече, ќе продолжи и во иднина.

„Што се однесува до санкциите, тесно соработуваме со американската Влада, особено со министерот за финансии, за да откриеме кои несакани ефекти би можеле да ги имаат тие“, рече Меркел.

Таа додаде дека верува оти постои големо единство во однос на несогласувањата со Русија во однос на конфликтите и нејзината улога во Сирија.

Германската канцеларка смета дека „во принцип, гарантирањето на територијалниот интегритет на една земја, како Украина, е исклучително важно и мора да се почитува“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе