Луис Суарес (36) ќе потпише за Интер Мајами, објави денеска ESPN.

Уругвајскиот напаѓач на тој начин повторно ќе игра во истиот клуб со Лионел Меси (36), човекот со кој долги години успешно ја делеше соблекувалната во Барселона и освои сè што имаше да се освои.
Суарес моментално настапува за бразилски Гремиу, а тренерот на тој тим Ренату Гаушу потврди дека Суарес ќе го напушти клубот во декември, на крајот од сезоната во Бразил.
И покрај тоа што е само половина од двегодишниот договор што го потпиша по пристигнувањето во Бразил, тој ќе се пресели во Мајами.
Покрај Меси, таму го чекаат поранешните соиграчи Жорди Алба (34) и Серхио Бускетс (35), а на клупата е и Херардо Мартино, човекот кој го тренираше во Барселона.