Заминувањето на Лионел Меси од Париз во Саудиска Арабија, кое не беше одобрено од Пари Сен Жермен, направи хаос во францускиот клуб и, според тамошните медиуми, нема шанси Аргентинецот следната сезона да настапува за овој тим.

По поразот од Лориен со 3:1, Меси реши да отпатува во Саудиска Арабија за да го исполни договорот со локална туристичка агенција, патување кое претходно два пати го одложуваше.
Ваквата одлука беше еднострана и ПСЖ го суспендира на 14 дена.
Се зборува дека Меси претходно побарал од клубот да оди на патувањето, бидејќи на играчите им било кажано дека ќе имаат неколку слободни денови, но плановите се смениле по поразот од Лориен и кога им го испратил официјалното барање, тој веќе бил во авион за Саудиска Арабија.
Бидејќи плановите на клубот се сменија, логично е дека Меси не можеше да присуствува на тренингот во понеделник наутро и поради тоа веднаш дојде до реакција, односно суспензија на Меси на 14 дена, поради што нема да може да тренира со тимот и поради што ќе пропушти два натпревари во Лиг 1.
ПСЖ го објасни овој проблем со зборовите дека ниту еден играч не е над клубот и дека бараат почит од сите играчи, а медиумите во Франција на крајот додаваат дека оваа одлука значи конечен крај на секоја можност Меси да остане на „Паркот на принцовите“ и следната сезона.
Иако челниците на клубот и Меси постигнаа начелен договор за време на Светското првенство во Катар за дополнително продолжување на соработката, тој договор не беше официјално постигнат и како што одминуваше времето, Меси имаше сè повеќе несогласувања и кога стана јасно дека е не го покажува очекуваниот интерес, нивната понуда беше повлечена. Вчерашната санкција е само шлаг на тортата.