Меси за дебаклот од Бразил: Нашата игра е лоша

Аргентина загуби од Бразил во мечот за квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија и ја закомпликува својата положба на табелата. Аргентина нема игра, нема атмосфера и нема да биде изненадување доколку не избори пласман на Мундијалот.

Аргентина на последниот Мундијал, чии домаќин беше Бразил, играше во финалето, а две години подоцна токму на бразилска почва максимално си ја закомпликува положбата на табелата.

Од Јужна Америка четири селекции ќе изборат директен пласман на Мундијалот, а петтопласираната ќе игра бараж. Во овој момент, на седум кола до крајот на квалификациите, Аргентина е на бод од петтото место, односно на два бода од позицијата четири.

Но игрите на „гаучосите“ не влеваат надеж дека тие можат нешто драстично да сменат. Забележливо беше тоа и на пресметката во Бразил која домаќинот лесно ја реши во своја корист.

„Shit. Така играме и таква е ситуацијата во која се наоѓаме. Проблемот е во нашите глави и таму мора да го решиме, бидејќи кога не играме на вистинскиот начин тогаш и нозете не не слушаат“, изјавил најдобриот аргентински играч Лионел Меси, кој објаснил како Бразил победил.

„Не ликвидираа со вториот гол, потоа целосно бевме разбиени, разоружани, загубени на теренот“, додал.

Аргентина за пет дена ја очекува уште еден тежок меч, ќе ѝ биде домаќин на Колумбија, која не блеска во квалификациите но има два бода повеќе од Аргентинците.

„Мораме да подобриме буквално сé во нашата игра. Се надевам дека навивачите ќе имаат трпение против Колумбија, бидејќи свирежите нема да ни помогнат. Мораме да се сплотиме, навивачите мора да разберат дека заедно мора да го минеме овој тежок период“, завршил Меси.

Лионел Меси кој блеска во Барселона, со националниот тим загуби три финалиња во низа, две на Копа Америка од Чиле и едно на Мундијалот од Германија.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе