Места низ Македонија идеални да се посетат со велосипед

Природните убавини кои ги крие нашата земја се далеку познати, но ретко кој од нас посетил поголем број од истите. Некогаш од немање време, или пак од недостаток на желба или нечувствување предизвик. А тие се толку блиску до нас, интересни и автентични.

Овие локации кои пленат со својата убавина, а кои можат да се откриваат и со возење велосипед. На тој начин спојувате две работи, здрава физичка активност и истражување на недопрените убавини на Македонија.

Во продолжение, неколку дестинации кои се одлични за сите љубители на велосипедскиот туризам.

Козјак

На оддалеченост од околу 30-тина километри од Скопје, езерото Којзак е одлична дестинација за возење велосипед и претставува еден вид прибежиште од градскиот метеж. Погледот кој го нуди опсервациската точка на самиот крај од турата нема да ве остави рамнодушни.

Мариово

На отприлика 45 километри од селото Манастир и четири и пол часа поминати во возење со велосипед, исполнети со безброј пејзажи, ќе се најдете во селото Зовиќ. Ова место е најпознато по Камениот мост или уште познат како „Филмски мост“, кој се  наоѓа во непосредна близина на селото.  Најдобар период за возење се летните месеци кога воедно ќе можете да направите една долга пауза и да се разладите во чистата вода на Градешка Река.

Матка

Доколку истовремено сте љубители на пикник и на велосипедизам, Матка е вистинското место за вас. На само 15 километри од центарот на Скопје, кањонот на реката Треска претставува одлична дестинација за возење велосипед за оние кои ги преферираат пократките дистанци.

Пред да продолжиме со пишување за следната дестинација за возење велосипед вреди  да ја поздравиме и иницијатива на банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД - Скопје, и нејзиниот проект #ВозиОдСрце со кој се повикуваат граѓаните на почесто користење на велосипедите.

Преку оваа иницијатива компанијата директно се залага за почиста и поздрава животна средина. Се што треба да имате за учество во оваа иницијатива е исправен велосипед, кацига и желба за водење на здрав живот. На www.voziodsrce.mk еднаш се регистрирате преку вашиот Strava профил и со секое следно возење почнувате да ги донирате извозените километри. А со крајот на кампањата, покрај тоа што заедно ќе извозиме илјадници километри на велосипед, Стопанска банка АД - Скопје ќе донира современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за детски болести, оддел за кардиологија.

Маврово

Во рамките на Мавровскиот парк постои добро развиена мрежа на патеки за велосипедизам кои нудат прекрасни пејсажи и панорами. Патеките се добро маркирани, лесни за следење и се комбинација од асфалт и земја. Возењето велосипед во Маврово е можност за уживање во културните и природините убавини на Македонија. Патот ќе ве однесе низ различни убави и автентични села, пасишта, бачила, а кога ќе бидете жедни ќе можете да се напиете свежа планинска вода од неколкуте извори долж патеките.

 Охридското крајбрежје

Прогласено за светско културно наследство и под заштита на УНЕСКО, охридското крајбрежје се карактеризира со богата историја, археолошки наоѓалишта, и природна убавина. Со должина од околу 30 километри, од самиот град па сѐ до манастирот Св. Наум, турата по крајбрежјето на најстарото езеро во Европа може да биде многу интересна. Доколку возите во летниот период, попатно може да застанете и да се освежите со едно кратко капење или пијалок на некоја од плажите, да ја посетите праисториската населба и архелошкото наоѓалиште „Заливот на Коските“, или пак да го посетите живописното село Трпејца.

Македонија, навистина е убава, а посебно кога ја откривате со велосипед!

*Промотивен текст

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе