Мицкоски: Добивме нови документи и сознанија за случајот на Онкологија, ќе ги изнесеме сите грозоморни криминали

На денешната теренска активност во Општина Лозово, во рамките на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека случајот на Онкологија е еден грозоморен настан, кој е коментиран веќе подолго време, а работата на собраниската комисија на површина има изнесено катаклизмички и шокантни информации.

„Морам да кажам дека преку свиркачи добиваме многу сведоштва, документи и таков еден случај документиран прилично темелно и јасно добивме пред неколку дена и го истражуваме и анализираме, кој се однесува за сега, а не за минатото. Бидејќи анкетната комисија го опфаќа периодот до 2020 година, јас зборувам за сега, за 2023 година“, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека сè уште информациите од свиркачот се проверуваат и доколку се потврдат, лично тој ќе излезе во јавност со тие информации.

„Ако тоа се потврди како точно, тогаш навистина можам да кажам дека имаме работа со монструми, а не со луѓе, кои, и покрај ова што се случува и покрај епскиот скандал, тие повторно продолжуваат со злоупотреби, кои имаат нечовечки размери и ние планираме со ова да излеземе во јавност доколку ова што го достави свиркачот се потврди како точно и имаме намера на Обвинителството да му отвориме сериозна работа бидејќи гледаме дека истрагата во МВР се калкулира, се препелкаат, тогаш ние имаме намера да ја преземеме работата во свои раце и да одиме до крај“, заклучи Мицкоски.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе