Мицкоски го има договорот со Бехтел и Енка: Ни го дадоа свиркачи, не знам дали е истиот, ама полн е со скандалозни делови

Договорот со Бехтел и Енка за изградбата на коридорите е скандалозен по стотина основи, тврди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по отворањето на штаб на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје.

Тој вели дека во случај на спор за него ќе биде важечко англо-саксонското законодавство, што е некомпатибилно со континенталниот модел кој е застапен во македонското законодавство.

„Од свиркачи го добивме целиот договор, не знам дали е тој истиот, но ние ќе објавуваме во јавноста, па Владата нека демантира дали тоа е така или не е така. Ние го добивме истиот од свиркачи кои го доставија и го анализираме и секое јавно настапување ќе го користиме за да можеме да објавиме нешто ново“, изјави Мицкоски.

За него е спорно и тоа дека, како што тврди, освен во клучните зборови на почетокот на Договорот никаде го нема зборот ФИДИК, меѓународниот стандард по којшто се реализираат меѓународни договори.

Договорот, како што рече лидерот на опозициската партија е скандалозен по стотина основи и со секое излегување во јавноста ќе објавуваат по еден.

„Еве денеска можеме да кажеме дека овој договор на Ковачевски и Груби или Груби и Ковачевски, не знам кој е поважниот во целата ова приказна, е скандалозен по стотина основи и со секое излегување во јавноста ќе објавуваме по еден основ“, рече Мицкоски.

реклама

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Македонија

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

Read more

Ахмети: Албанците се соочуваат со опасна офанзива

Read more

Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини, додека во Србија цела влада се распушти

Read more

Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Read more
 

Вести

Мицевски: Интерпелацијата за министерот Тошковски не доби поддршка

Читај повеќе

Ахмети: Албанците се соочуваат со опасна офанзива

Читај повеќе

Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини, додека во Србија цела влада се распушти

Читај повеќе

100 дена Трамп

Читај повеќе

Adidas: Нашите патики ќе поскапат поради царините

Читај повеќе

Шпанците по прекинот на струја: Преживеавме пандемија, поплави, вулканска ерупција, сега и ова

Читај повеќе

Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Читај повеќе

Хрватска со нов закон за гробишта: Четничките споменици ќе бидат отстранети во рок од 30 дена

Читај повеќе

Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневен прекин на огнот

Читај повеќе