Мијалков за „Плацови на Водно“: Не сум имал допирна точка со партиската каса

Скопје, 28 март 2022 (МИА) – Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во предметот „Плацови на Водно“, на денешното рочиште за овој случај побара од судот да и верува на фактичката состојба, односно на доказите изведени во тек на главната расправа кои според Мијалков, не ги утврдиле наводите на Обвинителството против него.

– Да ѝ поклоните верба на фактичката состојба. Освен што ме спомна Алек Теранова, ниту еден друг материјален или вербален доказ не е изведен против мене. Јас никогаш не сум дал упатства, совети, изјави обвинетиот Мијалков, во негова одбрана.

Во тек на својата одбрана обвинетиот Мијалков, истакна дека 15 години колку што бил во врвот на партијата (ВМРО-ДПМНЕ) не забележал дека недостасуваат парични средства.

– Не сум имал допирна точка со партиската каса. Никој не спомнал дека недостасуваат толку многу пари. Толкав износ да снема, а никој да не забележи, не ми е верно мене тоа, кажа Мијалков.

Бранителот на обвинетиот Мијалков, адвокат Звонко Давидовиќ, коментирајќи ја одбраната на неговиот клиент, рече дека Обвинителството не успеа да поткрепи ама ниту еден збор од наводите во обвинението кои се однесуваат на Сашо Мијалков .

– Затоа и одбраната беше таква и вие сте свесни, секое рочиште сте тука, свесни сте дека апсолутно никој од сведоците не го спомна, напротив сите искази на сведоците ни одеа во прилог на неговата одбрана, изјави адвокат Давидовиќ.

Во дополнение на доказна постапка по предлог на обвинителката Лиле Стефанова, денеска сведочеше и лицето Мето Стојчевски, кого обвинетиот Јордан Камчев, на последното рочиште го посочи како човекот кој ги чува становите на првообвинетиот Никола Груевски.

– Во 2015-16 година Сашо Мијалков, (се знаеме од деца) ме праша дали имам некој слободна фирма, и кажав да. После некое време во летото 2016 година ми се јави Орце Камчев, дека треба да префрлам имот, удел од Панорама. Фирмата „ССИ Инвестмент“ има три станови и две гаражи, фирмата е моја, становите не, рече сведокот Стојчевски, кој наведе дека првоообвинетиот го знае од времеото кога стана премиер.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението за случајот „Плацови на Водно“, поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, обвинетиот Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе