Мијатовиќ го критикува Азар: Тој е поранешен фудбалер, ја загуби желбата да игра

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, кој своевремено ја вршеше улогата на спортски директор, смета дека Белгиецот Еден Азар практично ја завршил својата играчка кариера, но повтори дека нема шанси Мадрид да го отпушти.

Дека не сака да си оди на сите јасно им стави до знаење и самиот фудбалер, кој на почетокот на годината изјави дека би сакал да добие уште една шанса, која му се појави на натпреварот против Хетафе, но повторно не ја искористи.

Во натпреварот од 34. коло на Ла Лига, Белгиецот доби можност да игра од првата минута, а во 60-те минути што ги мина на теренот не покажа ништо и беше заменет со Винисиус Жуниор.

„Еден ја загуби желбата да игра фудбал и тука ништо нема да се промени. Реал нема механизам во рацете да го принуди да си замине и ќе мора да чека една година да му истече договорот“, изјави Мијатовиќ за шпанските медиуми, а потоа зборуваше за Бразилецот:

„Она што го прави Винисиус е одлично, и ако продолжи да биде на ова ниво следната година, ќе го сменам мислењето за него. Но, само сетете се што направи Нејмар на негова возраст во дресот на Барселона. Кажете ми кој од двајцата би го потпишале?“, заврши поранешниот српски голгетер.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе