Милан го остава Интер сам на Меаца

Италијанскиот гигант Милан дефинитивно го напушта „Џузепе Меаца“, викан и „Сан Сиро“, и ќе гради свој нов стадион, пишува денеска La Gazzetta dello Sport.

Иако Милан и Интер со години работеа на проек за изградба на нов заеднички стадион и во декември минатата година добија дозвола од градските власти, „Росонерите“ сега се повлекоа.

„Големата романса помеѓу Милан и 'Сан Сиро' заврши. Ќе останат прекрасни спомени, но Милан се движи во друга насока без Интер. Клубот успеа да се врати на врвот на италијанскиот фудбал со освојувањето на титулата минатата година, а сега и сопствениците сакаат да го вратат на врвот на Европа. За таа цел потребен е нов стадион и на кој ќе игра само Милан, кој има структурирана сопственичка структура и иднина, додека таа кај Интер е многу дискутабилна. Милан сака да има свој стадион кој ќе му носи приход во текот на целата година, што е клучно за финансиската стабилност“, пишува Gazzetta.

URL

Во текстот се наведува дека Милан сигурно нема да го гради стадионот во населбата „Сан Сиро“ и дека се размислува за други три локации во градот.

Да потсетиме дека Милан на „Џузепе Меаца“ се пресели во далечната 1926 година кога стадионот имаше капацитет од само 30.000 гледачи.

И Милан и Интер годишно плаќаат сума од околу 8,5 милиони евра за изнајмување на стадионот.

Бидејќи се наоѓа во миланската населба Сан Сиро, стадионот „Џузепе Меаца“ нагалено го викаат токмиу според името на населбата. Инаку, именуван е по легендарниот напаѓач Џузепе Меаца, кој ја предводеше Италија до две титули на Мундијалите во 1934 и 1938, а има настапувано и за Интер и за Милан, иако далеку повеќе за „Нераѕурите“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе