СЕРИЈА А 2021/22

Милан го победи Наполи, го презеде 1. место и направи голем чекор кон Скудетото

Тимот на Милан го победи Наполи во дерби натпреварот од 28. коло на италијанската Серија А со минимални, но доволни 1:0, а херој на „Росонерите“, кои сега се први на табелата, беше францускиот напаѓач Оливје Жиру.

Во првите 45 минути гледавме многу лош фудбал од двете страни, немаше многу шанси вредни за споменување, иако домашната екипа имаше нешто поголем посед на топка и повеќе удари кон голот.

Сепак, на стартот од вториот дел Милан поведе. Давиде Калабрија шутираше, топката одеше вон голот, но на вистинското место беше Жиру кој ја сврте топката во мрежата и на тој начин го доведе својот тим во водство. Тоа беше негов 8 гол сезонава.

Десетина минути по голот на гостите од Милано домашниот стратег Лучано Спалети направи двојна замена при која во игра влезе и нашиот Елиф Елмас, кој сепак не успеа да му помогне на Наполи да избегне непланиран пораз на домашен терен.

Милан потоа ја задржа предноста и успеа да се одбрани до крајот и да освои 3 бода, а победата во ова дерби на крајот може да биде клучна во борбата за Скудетото.

Remote video URL

Милан по синоќешниот натпревар е прв на табелата со 60 освоени бода, 2 повеќе од Интер кој има натпревар помалку (одложениот со Болоња), а сега има 3 бода повеќе од Наполи.

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе