На Netflix наскоро ќе пристигне „Luckiest Girl Alive“, трилер во кој главната улога ја толкува Мила Кунис. Објавен е трејлерот, кој за еден ден има над 1.3 милиони прегледи.
Во филмот станува збор за писателката Ани Фанели од Њујорк чиј совршен живот во големиот град ќе почне да се распаѓа кога документарец за злосторство ќе ја присили да се соочи со нејзиното потресно минато како средношколка.
„Њујорчанка со остар јазик која изгледа како да има сѐ: работа во одличен магазин, модерна гардероба и наскоро венчавка од соништата. Но, кога еден режисер на крими документарец ќе ја повика да ја раскаже нејзината страна на шокантен настан што се случил додека била тинејџерка во престижното училиште Брентли, Ани е присилена да се соочи со мрачна вистина која се заканува да го разоткрие нејзиниот добро осмислен живот“, гласи описот на филмот.
Филмот е снимен по најпродаван роман во 2015 година. Инспириран е по истоимениот роман на авторката Џесика Нол и еден од најпродаванте во 2015 година.
Покрај Мила Кунис, во филмот глумат и Кони Брајтон, Џастин Лупе, Фин Витрок и Скут Мекнери. Режисер е Скут Мекнери, а ќе се прикаже на 7 октомври.