МКЦ стана дел од европскиот проект SCENERGIES

Младинскиот културен центар во 2020 година стана дел од уште еден голем европски проект, SCENERGIES, кој се базира на градење одржливи стратегии за креативни меѓународни активности помеѓу музички сали, кои делуваат на локалната сцена.

Проектот има за цел да ја потенцира важноста на концертните сали и музичките културни центри како главни промотери за развој на млади таленти во Европа, кои претставуваат не само т.н. „инкубатори“ за бендови, туку играат и витална улога во развојот на здравиот урбан еко-систем. Концертните сали се важен дел од урбаните и приградски населби, вдомуваат и прикажуваат различен диверзитет на артисти и музичари, а свое влијание имаат и кон развојот на локалната економија, но и кон зголемување на атрактивноста на градовите во кои делуваат.

Овој проект има за задача да ги адресира актуелните проблеми и тешкотии со кои се соочуваат концертните сали и центри, кои во изминатите години, а особено во последната 2020, се соочуваат со огромни притисоци, финансиски и регулаторни, кои произлегуваат од постојаното флуктуирање на музичките вкусови и трендови кај публиката од една страна, како и промените во развојните урбани трендови од друга. Со адресирање на овие проблеми и воспоставување одржливи стратегии за соработка помеѓу концертните сали во Европа, со овој проект дополнително ќе се промовира нивната улога и ќе се потврди и актуализира нивното значење и одржливост во големите европски градови – партнери. 

Rib во МКЦ

SCENERGIES ќе се базира на идентификација на добри практики помеѓу конзорциумот од партнери, развој на иновативни стратегии, градење и јакнење на капацитетите на концертните сали и центри, како и промоција на овие конкуретни стратегии.

Покрај ЈУ Младински културен центар, како партнери во проектот се музичките клубови Sala X (Шпанија), Le Grand Mix (Франција), 4AD (Белгија) и музичкиот клуб Močvara (Хрватска). Проектните активности ќе се реализираат во текот на 2021 година.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе