Младите во ЕУ пијат алкохол двојно повеќе од возрасните

Повеќе од една третина од адолесцентите во Европската Унија пијат алкохол со двојно поголема стапка од возрасните жители.

Овој проблем е најизразен во Данска. Стапката на обилно пиење кај адолесцентите - оние на возраст од 15-16 години - е значително повисока од онаа на возрасните во повеќето европски земји.

Бидејќи раното пиење е поврзано со пиење алкохол подоцна во животот, ова може да биде сериозен здравствен проблем.

Во 2019 година, во просек, повеќе од една третина (37,4 проценти) од адолесцентите во ЕУ пријавиле прекумерно пиење барем еднаш во изминатите 30 години, додека стапката била помала (18,7 проценти) кај возрасните.

Затоа има двојно повеќе тинејџери кои се опиваат во споредба со возрасните, пишува Euronews.

Обилното прекумерно пиење кај адолесцентите, дефинирано како консумирање пет или повеќе пијалоци во една прилика, се движело од осум проценти во Исланд до дури 59 проценти во Данска. Податоците се однесуваат на 2019 година.

Четири нордиски земји - Исланд, Норвешка, Шведска и Финска - забележаа најниски стапки на алкохол кај младите на возраст од 15 и 16 години. Како и да е, Данска е неславен лидер во опивање кај младите.

Ова, во голема мера, може да се поврзе со законските прописи. Имено, во Данска адолесцентите имаат порано пристап до алкохол од оние во другите нордиски земји, а политиките за контрола на алкохолот исто така се помалку строги, се вели во извештајот на ОЕЦД „Состојбата на здравјето во ЕУ во 2022 година“.

Законската возраст за купување алкохол во Данска е помала, иако сега има планови за ограничување на продажбата на пијалоци кои содржат повеќе од шест проценти алкохол на 16-18 години.

Во Словачка, Австрија, Италија и Бугарија, адолесцентите консумираат алкохол во поголема мера отколку возрасните. Во Хрватска 45 отсто од адолесцентите се тешки алкохоличари, додека тој процент во Словенија е 41 отсто.

Во сите земји, мажите почесто од жените пријавиле периодично пиење. Во 2019 година, во просек во ЕУ, 26,6 отсто од мажите пријавиле прекумерно пиење барем еднаш месечно во споредба со 11,4 отсто од жените.

Извештајот на ОЕЦД сугерираше дека адолесцентното обилно епизодно пиење е поврзано со низа акутни штети поврзани со алкохолот. Тие вклучуваат несвестица и повреди, сообраќајни несреќи или зголемен ризик од сексуално преносливи инфекции.

Употребата на алкохол кај адолесцентите е исто така поврзана со лоши образовни резултати, вклучувајќи малтретирање и социјална исклученост.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе