Ноќеска, во близина на старата Скопска чаршија 24-годишно момче од село Грчец, скопско, е најдено со убодни рани од нож во пределот на срцето.
Повредениот е однесен на Скопската клиника и е во животна опасност. Полицијата соопшти дека пред угостителски објект во близина на споменикот на „Скендер бег“ во Скопје непознати лица со остар предмет (најверојатно нож) му нанеле убодна рана во пределот на срцето.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.