МНР: Во Амбасадата во Пекинг не е пријавен случај за наш државјанин заболен со корона вирусот

Согласно информациите добиени од нашето Дипломатско-конзуларно претставништво во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент во Амбасадата не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот. Исто така, нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење на кои им е потребна помош.

Како што информира Министерството за надворешни работи, во НР Кина легално престојуваат околу 100 наши државјани, а нашето ДКП е во постојан контакт со нив.

Граѓаните на Република Северна Македонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во нашата Амбасада во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил, beijing@mfa.gov.mk.

Велика Британија, Германија и Шпанија денеска најавија дека ќе помогнат на своите граѓани да го напуштат кинескиот град Вухан, од каде почна заразата со корона вирусот, од кој досега починаа 80 луѓе. Претходно, Франција, САД и Јапонија соопштија дека се подготвуваат за евакуација на своите државјани. Делегацијата на ЕУ денеска во Пекинг ќе одржи итен состанок за да ја координира евакуацијата на европските граѓани, кои се наоѓаат во Кина за да се ограничи заразата од корона вирусот.

Во меѓувреме, кинеското Министерство за финансии соопшти дека ќе издвои 8,74 милијарди долари за да го спречи ширењето на корона вирусот.

Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица. Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе